Компанијата Нутривет дооел – Скопје е формирана 2003 година со основна дејност за собирање, откуп, селекција на отпад од пакување како што е хартија,пластика,стакло и дрво , достава на истиот до компаниите кои се бават со производство од овие рециклирани суровини.
Овој отпад од пакување во најголем обем го извезуваме, поради економичност во транспортот, во земји од блиското опкружување како Словенија, Србија, Грција, Унгарија , Косово , Турција и Бугарија.
Исто така вршиме откуп на отпадна хартија од соседните земји како Албанија, Бугарија, Косово и истата преку ре-експорт ја извезуваме.
Отпадот од пакување го извезуваме во следниве компании:
- Vipap Videm Krsko– Slovenija
- SmurFit Kappa – Srbija
- MEL – Grcija
- Hamburger Recycling Group GmbH - Avstrija
- Sonoko - Grcija
- Vipa - Grcija
- Modern Karton - Turcija
- Uni Trade - Bugarija
- Reks - Kosovo
Најзначајниот сектор во компанијата е собирање на отпадната хартија во Македонија. За таа цел преку соработка со претпријатијата кои прават хартиен отпад од пакување, со комуналните претпријатија и отпадите, како и со печатниците речиси во сите градови од Македонија успеваме да собереме 15 000 тони хартија на годишно ниво.
Најголема активност имаме во Скопје. Соработуваме со сите поголеми маркети и претпријатија како Веро, Рамстор, Сити Мол, Кам Маркет, Пивара Скопје, Алкалоид и многу други. Системот на собирање се одвива претежно преку контејнери поставени во претпријатијата кои со специјални возила се подигаат и се носат на нашите плацеви каде хотпадот од пакување се селектира и балира. На истите плацеви се врши и откуп на отпадна хартија од физички и правни лица. Фирмата Нутривет ги поседува сите потребни лиценци за работа со отпадна хартија и тоа за селекција и складирање, за трговија, за транспорт и за извоз на истата.
За подигање на еколошката свест кај граѓаните и пред се кај најмладите, децата, за собирање на отпадната хартија вклучени сме во проекти организирани од фирмата Пакомак, која е првото лиценцирано од државата друштво за управување со пакување и отпад од пакување. Поставени се многу собирни станици за хартија пред се во училиштата и преку организирани акции на најмладите им се всадува и објаснува неопходноста за заштита на околината и природата.
Главната дејност во ветеринарниот сектор е увоз и дистрибуција на ветеринарни препарати низ Македонија.


НАША МИСИЈА

Одржувањето и оптимизирањето на употребата на секундарните суровини е поважно од кога било досега. НУТРИВЕТ ® тргува на глобално ниво со секундарни суровини.
Преку нашите операции помагаме да се намали потрошувачката на природни суровини. На тој начин придонесуваме за заштита и зајакнување на животната средина и поврзаниот квалитет на живот за идните генерации, како и за идната одржливост на нашата компанија.


НАША ВИЗИЈА

НУТРИВЕТ ® станува водечка компанија за тргување со секундарни суровини во регионот.



- Наши Политики -


ISO 9001

ISO 14001

Животна средина

Квалитет

Сертификат